ги (зам.) - загади (гл.)

Тој не стапнуваше во куќата откако му почина синот, да не ги загади килимите од снаата со своите опинци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Патеката беше чиста, значи не поминувале несовесни шетачи, кои што ги загадуваат падините на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А колку ѓубре си тече низ градската канализација, ги загадува реките, па дури и предизвикува помор на рибите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)