ги (зам.) - завитка (гл.)

Бојсовата уметност е бескрајно компулзивно повторување на истата дејност на топлење на она што не може да се стопли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојсовите масти можат да бидат сфатени како супститут за медот, со енергија исполнета материја која се наоѓа во состојба помеѓу течен и студен кристал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неговото пијано е кристал, кого завиткувањето во топол филц требало да го растопи, како и многу други културни објекти кои ги завиткал за да ги врати во живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дедот се присети па го изгледа внимателно Толета и неговите двајца другари. Му ги завитка ортомите на магарето и го пушти да скубне некој трн по дворот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стапалата и ги завитка со влажната крпа, се забради со црната шамија и тогаш забележа дека на големите прсти од нозете Циљка нема нокти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледам едно време, штотуку помислив дека ќе почнам да плачам од студ, дојде мајка ми, ми ја врза шамијата преку глава и со две други шамии мии ги завитка рацете соо кои го држев знамето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Одеднаш, врз него од дрвјата рипна мајмунче и му ги завитка рацете околу вратот, пикајќи се топло кон него.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога Тодора го најде таков, бел како изваден од варница каде несреќно се струполил, крвавата чалма веднаш не ја препозна: таа ѝ заличе на покровот Христов од манастирот Нерези, со кој пред векови му ги завиткаа светите рани на божјиот син.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си ги завиткале во извалкани шамивчиња и — ѕин, ѕин, ми прават.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штотуку го отвори учебникот, сѐ уште педантно завиткан со украсната хартија, со која мајка му имаше обичај да ги завиткува неговите книги, почувствува туѓо присуство зад неговата глава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Гасиоровски, покрај овие растурени и безобразни слики, се појавува уште повеќе да го прецизира своето пре-анално уживање кое што владее со неговата страст: уметникот со своите играчки; уметникот-конвалесцент, нош­ница и завои околу черепот, помеѓу ретарди­раност и трепанираност; уметникот во псевдо-комични мизансцени, којшто ги завитка своите 13 Impuissances во кеса за ѓубре.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Уште сите и не го виделе нивното враќање а тие веќе стоеле возбудени пред челникот и, мавтајќи со раце како да се бранат од невидливи оси, му раскажувале нешто. Запрегите запреле една по една.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред уште сите да се соберат пред првата двоколка и пред уште да се сетат дека идните мртовци ќе ги закопуваат без да ги завиткуваат во бело, неискапени и непроменети, без варена пченица и без запален темјан, Онисифор Проказник кренал рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)