ги (зам.) - забрза (гл.)

Стана и загледувајќи ја подобро, ја препозна: Марија! вика и ги забрза чекорите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Хера! се израдува и ги забрза чекорите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој ги забрза чекорите и, кога го стигна, го фати Даниел за рака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Први договорот го склучиле Србија и Бугарија во февруари 1912, а потоа следувале договорите меѓу Бугарија и Грција, Србија и Црна Гора.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сето тоа било причина балканските држави да ги забрзаат преговорите за склучување на сојуз.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Глигор ги забрза чекорите. Другиот подзастана изненаден и загледан во јакиот врат на Глигора. Потоа се изгуби во мешаницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо забележа дека Долгиот сега оди слободно исправен. Ги забрза чекорите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ме облазија морници. Влеговме во виулица и ги забрзавме чекорите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По десет минути, или по петнаесет тамошни денови, снегот пред нас се истопи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Даскалов го заобиколи коритото од камен наполнето со вода што се грееше на летното сонце, а потоа, барем така ми се пристори, ги забрза чекорите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И наеднаш навистина се сетив да се запрашам, дали мајка ми не е негде овде, и дали не ги следи моите мисли?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И како целта да им било тоа чудо со празни очи на издолжени прозорци, како на тоа место со неколку искршени и безживотни стебла да ги чекал нов и величествен почеток, ги забрзале чекорите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред да се стемни, виделе од далечина урнатина на кула или на манастир, костур на вчерашен живот, ред камења или спомен на иноверска одмазда или на заборавен земјотрес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еразмо ги забрза чекорите кон групата луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)