ги (зам.) - забоде (гл.)

Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потполно сум предаден на звукот и го чувствувам ритамот како ми струи низ целото тело, од рамениците, до колковите, па до прстите и јас се движам, се вртам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По него летаа бомбашите, по нив фрчеа куршумите од залегнатиот аскер, дури еден од стотиците куршуми не го погоди Манола и тој на место остана да ја цеди крвта што му штрекаше од двете слепоочници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ќе отрчаа кон водата, ќе ги забодеа насолзените клунчиња во неа и потоа ќе ги кренеа нагоре главчињата за да може водата, што ја макнале, да им се спушти во гушите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Толе го јавна коњот на седлото, со Ќосето зад него, и му ги забоде мамузите во ребрата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)