ги (зам.) - дуе (гл.)

Стрелката само оди, само се покачува нагоре: шеесет, седумдесет, осумдесет, ветрот ни ги бушави косите, ни влегува низ ракави, низ ногавици, ни ги дуе алиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, за да покаже дека ја исмејува, и тој ги дуе образите како неа и престорено се смее: - Хохохо, хохохо!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ги дуе образите и врти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)