ги (зам.) - дофати (гл.)

Толку многу ѕвезди го опсипаа тогаш небото и така беа блиску - со рака да ги дофатиш...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите од персоналот се сменуваа во хранењето и контактирањето со него и ја опробуваа својата среќа да го смират, но тоа скокаше како бесно да ги дофати, да ги раскине.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Едно чудо луѓе ја бркаа, ама никој не успеа да ги дофати парите од штотуку исплатен кредит на рака, со девизна клаузула и потписи од гаранти кои ја дадоа својата рака, а, богами, и нога, како оној од цртаниот филм со подарокот од Буч. И плус пасошот!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Додека работеше над тоа, со него се шегуваа ситните шајчина, што требаше да ги дофаќа меѓу своите прсти и да ги наместува онаму, каде што беше потребно да ги закове.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се смета за еден од најоригиналните прозни творци во современата американска литература, кој се “движи на работ меѓу стварноста и кошмарот, користејќи го надреализмот како форма за да ги дофати мрачните страни на американските разбирања”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Окован во своите желби да ги дофати само материјалните соништа, му дојде да граба од видливите нешта.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А тие како да не се спремни да поверуваат дека оние кои ќе ги дофати студ на патот нема повеќе да се вратат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нашиот Кубан и така беше пуст. А со времето уште повеќе ќе опустее. А потоа ќе го затрупа снег“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Престанав да верувам во нештата што не можам да ги дофатам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)