ги (зам.) - довикува (гл.)

Ги одбираше Тој зборовите На Јасмина Шопова
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа беше неговиот водечки глас на старата трогласна полифона песна од родниот крај која најчесто ја пееше и преку која се чувствуваше најблиску до своите преку границата, како да ги довикуваше со својот осаменички глас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во градината повеќе не се седи, а и ноќе не се спие: лае и ги довикува и другите кучиња во селото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Да броиш огништа ноќе, некои расфрлани сонца од соништата кога се распалуваат по покосените ливади, косите на косачите кога светкаат на месечина, кога почнува полноќна љубовна игра меѓу две песни: девојките низ некој темен глас кога ги довикуваат своите момчиња и тие кога им одветуваат...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ми се чини оти успеав да ѝ го насликам записот на годините врз лицето, сјајот на самотноста, тишината со која таа разговара со рибите во езерото, гласот со кој ги довикува пилињата и кутрињата, жужалците и светулките...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ќе ги изгубам кучињата“ истрпна, па почна да ги довикува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа пред очите му се појавува проколнатиот Тиша беав, деветтиот ден од јулско-августовскиот месец Ав, го гледа Ерусалим завиен во писок и плач, луѓе што трчаат во очај и во гнев, мајки што залудно ги довикуваат своите деца, градот окрвавен од силовитиот удар на вавилонските војски и Храмот диво ограбен и завиен во пламен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Отсекаде наоколу допираа викотници. Панични женски гласови што ги довикуваа најблиските.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Што ќе се напиеш? - праша Геро, како да го викнал во негово маало, и ја крена раката да штракне со прстите, како да ги довикува другите тепачи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во сите тие гласови го немаше гласот на Клара Климт, во криковите на тие ноќи кои се прелеваа едни во други и се нижеа во години, во моите обиди да ги чујам нејзините ноќи, Клара остануваше нема, Клара копнееше по тишина, Клара сакаше само едно малечко парче од овој свет во кој би можела безбедно да ја свие главата и да преноќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев будна цела ноќ, и ги замислував нејзините ноќи, се обидував да ги слушнам тие ноќи затоа што мракот го голта она што може да биде видено, и ги слушав криковите кои ја распаруваат темнината, ги слушав оние кои се осудени да бидат затворени со своето лудило и да го мешаат со туѓото лудило: некој глас ги довикува своите деца, некој глас кажува дека гори, дека пламенот го зафаќа телото, го слушав и зарипнатиот глас на една жена која повторува како го убила својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во некои од трошните куќи зад прозорците стоеја полуголи девојки и ги довикуваа мажите кои чекореа по уличките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А разговорите што ги води со прасињата додека ги чеша зад ушите или по ципите!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Да слушнеш само како ги довикува! Со каков глас, со кои умилни зборови!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Возрасните не го сакаа. Се плашеа од него, па кога ненадејно ќе се појавеше на плажата, одеднаш ќе се создадеше необична забрзаност: почнуваше панично викање, мајките ги довикуваа своите деца и ги засолнуваа подалеку од брегот, во безбедност.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)