ги (зам.) - длаби (гл.)

Чанга претпоставуваше дека многубројните пештери во утробата на Калето ги длабела реката со своите вечни, незадржливи поплави.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Светилките им ги издолжуваат лицата, им ги длабат очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цртежите што ги длабеле луѓето од каменото време, врз карпите и пештерските ѕидови, до појавата на писмото, во најново време се дефинираат како карпеста уметност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)