ги (зам.) - диктира (гл.)

Си се врати веднаш во зоната на својата тишина, и продолжи одмерено, небаре ги диктира елементите од извештајот што требаше да го поднесе комисијата пред Партијата и пред власта: - Сите овие сиџили, односно кадиски регистри или протоколи, пишувани или препишувани од разни кадии, помеѓу 1607 и 1912 година, колку што може да се забележи од овој бегол увид, пишувани на арапскотурски јазик, најголемиот дел се однесуваат на положбата на селаните, на чифлигарството, на верските конверзии, на матролозите, на дервенџиите, на јаничарите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Делови од него постојано преминувааат од рацете на една во рацете на друга и токму можноста за заземање на овој или оној дел со неочекувано предавство, е она што ги диктира бесконечните промени на сојузништвата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
(Ова е голема тема, и само ја зачнуваме овде, во контекст на една симулирана експликација, затоа што стратешките игри се бескрајни а борбата дури и кога е фронтална дури и кога е идеолошка - што значи кога тие ги диктираат правилата - пак има свои финеси, свои слепи катчиња - се сеќавате на собата во 84?!
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како оваа спротиставувачка форма на комуникација го замаглува нивното расудување?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По заедничкото разгледување на степенот до кој ваквата спротивставувачка форма ги диктира позициите во нивниот однос, ги запрашав дали овој начин станал префериран начин на однесување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Смешната желба „да се биде правилно сфатен и одобрен“ почесто се изразува во младоста, кога животните пријатели се чинат далеку или не ги ни бараме поради привремената семејна идила којашто ги диктира приватните настани од гледиште на својата ефикасност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Нивното полагање право на нашето верување се ослабува, нивната првовеликост се подрива кога се пародираат или кога се нагризуваат, исто како што се поткопуваат сексуалните и родовите идентитети кога се театрализираат, кога се прикажуваат како улоги, а не како суштини, кога се третираат како општествени изведби, наместо како природни идентитети, а со тоа и се лишуваат од тврдењето дека се сериозни и автентични, од нивното право на нашата морална, естетска и еротска верност. ‌Но, да се дереализираат хетеросексуалните или хетеронормативните општествени улоги и значења, да се раздрма нивното неприкосновено полагање право на сериозност и автентичност не значи да се сврши со нив и да им ја снема моќта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да се постигне одреден степен на противтежа во однос на нив, истовремено признавајќи им ја натамошната способност да ги диктираат условите на нашето општествено постоење.253 Ова објаснува зошто машката геј-култура еволуирала тешко дофатлива културна практика и начин на перцепција, познат како камп, кој подразбира да не се сфаќаат сериозно, буквално и неиронично самите нешта што се најважни и што предизвикуваат најмногу болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Македонијо! Македонци! Како народ со визија, народ што знае што сака народ, што умее да ги прифати сите доблести што ги диктира светот, светот за кого се бориме свет со подобро утре од вчера...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Веќе во претходиот параграф е најавено дека најмногу ќе зборувам за популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам дека Allan Bloom не згрешил кога, очигледно разочаран, запишал: “Студентите можеби не ги интересираат книгите, но затоа okno.mk | Margina #32-33 [1996] 98 се најдлабоко приврзани на музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со малку еуфоричност можеме буквално да констатираме дека во популарната култура со некои ограничувања (што ги диктира нејзината форма и е секако добро да се знаат) се изразува сета богата комплексност на светот: можностите, чувствата, надежите, желбите, вкусовите, значењата, историите, теориите, политиките, итн.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)