ги (зам.) - двои (гл.)

Тука се спушта пердето реската разлика која ги двои луѓето и од нив прави некој друг секогаш друг мизансцен!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во очите ѝ изгаснала и последната искра, и само црвените рабови ѝ ги двоеја истечените вирчиња од избраздените образи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информацијата недвосмислено покажува дека дописникот на „Вашингтон пост“ добро бил запознаен со историјата на македонскиот народ, бидејќи тој во текстот ги двои Македонците од Србите, како народ со посебна национална припадност, што го потврдува и информацијата од 25 март 1941 година во истиот весник, дека демонстрациите во Македонија може да „предизвикаат незгоди меѓу Македонците и Србите“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу шумата, тревата, камењата и земјата, опнатото платно на маскирниот војнички шатор личеше на расчекорена, прејадена и притаена крастава жаба, што со мекиот мев ги двои од влагата на почвата а со тврдиот грб се пече на сонцето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И така двоејќи ги како волкот што ги двои овците, ги изнатепа и ги разбрка сите, а потоа ѝ помогна на Видуша да слезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
(Ја удира количката со Димитрија од ѕид. Скока Андреја. Го удира Стево. Притрчува Вера. Ги двои.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)