ги (зам.) - гушне (гл.)

Баба Петра струполена до снаата Трајаница и смраморената внука Ѕвезда, небаре двете ги гушнува...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Добро ни дојдовте! Прво доаѓање! Во нов стан! И за Нова година!“ ги гушна мама Злата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се чувствував непријатно, како да сум се замирисал од огромниот напор сѐ да изедам и некако да ги спречам цревата да ми бучат, а покрај тоа, кога се веднев да ги гушнам братучедите кои беа малку пониски од мене, во стомакот добивав болки како некој да ме боде со нож.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)