ги (зам.) - голтне (гл.)

Сите три сина му ги голтна војната. Барем еден да се вратеше. Кој?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рада овој пат читаше поспоро. Сакаше најпрвин да ги соџвака зборовите пред да ги голтне.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оти секогаш сум велел: словото една рака го сочинила, ама многу очи го читаат и сите тие очи различно го читаат истото, од рака сочинето клопче, оти по разни конци врват читателите кон средето, кон изворот на текстот, кон оној кој го сочинил и кој нив ќе ги голтне – пајакот отровен, сонце црно вжарено, создател и господар на вселена мала.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најпосле децата увидоа дека нивните закачки не палат, па ќе се задоволеа само одвреме-навреме да му дофрлат: - Еј, НЕ, да не си ги голтнал јазикот?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кучињата чекаа пред вратата. Им фрли по едно парче, внимавајќи да не се степаат, тие ги голтнаа лакомо, речиси без задржување в уста и со широко отворени очи пак се испречија пред Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Богородице Владичице - ама тагата Ти била како на секоја Мајка... седумпати зинала земјата да ми ги голтне чедата - уште не годиначиња...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Доно постојано ниско држеше глас, често прекинуваше колку за да си ги голтне солзите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бран ли беше, бура, никогаш не ќе си спомнам, секој час чинеше дека ќе ги голтне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сега ги нема. Ги голтна лошата судбина и ги растури по светот. Ги тргнаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Погледни на небото како птиците ги снемува пред нашите очи, ги голтна далечината, но ти знаеш дека се таму, дека постојат, скриени од твојот поглед.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Побегнаа ли? - Каде ќе побегнат? Ги голтна темницата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)