ги (зам.) - гиба (гл.)

Квечерина Не е дека ме јалови рана изутрина дека се тутулам в черги од бучната надојдина низ прозорот од танките стапалки што ги гибаат земјините сводови, оти не сум го знаел ни самиот свод небесен; Не е дека ноќта не ја доимувам од што е ноќно одбојно премрежје, не оти не сеќавам раце- отворени премлади булки.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Од десната тој, големио Сталин, со мустаците и како да му вели на англоамериканцките имберијалисти - еј вие там, немојте да ми ги гибате мојте пријатели, партизанте на Маркос, заш свите ќе ве обеса на ено влакно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Самоубијците не ги гибаме... тоа е табу - рече Николај.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Поведи сметка, ти, како се викаш... старецу...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На почетокот на векот го доживеа падот на Отоманското царство, па се провлече низ Балканските војни, па првата, Втората светска војна, но дотогаш никој не ги гибаше козите. Си врвеше векот со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Прав си“, му реков. „Да ги гледаме и да им се радуваме а да не ги гибаме...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влатко зазбивтан ни раскажуваше дека во Белград имало ескалатори и нагоре и надолу, па не треба да трчаш наудолу, туку се спушташ со ескалатор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И многу било интересно да се гледа: едни се движат нагоре, едни се движат надолу. Му верувавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)