ги (зам.) - гали (гл.)

Но, наеднаш среде тој вриеж од луѓе, вниманието го привлекува продавачот на змии, што ги носи под кошулата, ги гали, ги вади, ги пушта, па оваа морничава глетка конечно може да го натера човека да побара посвеж воздух надвор од „Капали чарши“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше еден од друг, ги довикуваше од просторот од тишината и од вековите, од облеката и од празниците, од сите пештери и од сите жетви ги собираше, им се умилкуваше, ги галеше, им шептеше, ги средуваше во мали врзопчиња, ги подучуваше и им се подналутуваше, им зборуваше и им појаснуваше дека за сите нив има голем порив да ги разигра, да им открие поинакви и поинакви значења за да не талкаат расфрлани и неразбрани низ сечија свест и низ сечии копнежи.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ги одбираше Тој зборовите На Јасмина Шопова
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Аванти пополо, сите кон балконот под кој Јулија е оставена на милост и немилост на туристите, некои нежно да и ги галат, а некои баш и да и ги драпаат бронзените гради.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Утринава во хотелската бања водата е малку пожешка од вчера а научно е докажано колку водата е пожешка толку повеќе паѓа силата и неправдада, иако водената пареа на мнозина им го замаглува утринскиот поглед кон црвениот бајрак развеан на највисокиот балкон.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Притоките на опулот му довстасуваат и до Езерото над кое старото небо добива нов сјај.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Си ја носи прудолу и уморната насмевка и самиот не е начисто дали така ги гали саканите или им отпоздравува на скептиците и циниците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Со брз чекор влегува во собата и се устремува кон куферот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го отвара и гледа во хартиените цигли. Ги гали замислено.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, тоа само изгледаше така, затоа што Јан одеднаш ја пружи раката кон мене и почна да ми ги гали косата и лицето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги миев, ги преврзував, ги галев и на заминување назад на боиштата им ги стегав дланките, молејќи ги да се чуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ова е моето семејство. Ова е мајка ми, ова е татко ми, ова е мојот сопруг, а ова се нашите деца,“ велеше, одвојувајќи ги гранченцата едно од друго. „Ние сме среќно семејство.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги поместуваше, минувајќи со прстите по нив, како да ги гали.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За Велигден ги галев белите хулахопки и одвај чекав да ги покажам. Скокав, скокав, и паднав. И веќе не беа ни бели, ни нови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И топлината од сончевите зраци ќе ви ги гали главчињата. 8 ДЕЛ АФТЕРШОК Живеам во постојана апатија со глупоста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како што се израдува Нешка со првната китка, така се израдува и Крле со калците. Mope, ги гали, ги мазни, ги притиска на градите, по образите, ги избакна секој по десетина пати и ги проба да ги обуе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навијстина се плашеа од неа, ама кога почна да ги гали, попрестрашија и изгледа добри пријатели ќе бидат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За сите одговори Ајша: – Го чекаат добриот кадија да ги погали. – Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дали ќе колат по Мариово, ќе бесат, тепаат, пљачкаат или ќе ги галат Мариовците, тоа беше нивна работат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Редот е С. (благо) да се изненади. Си ги гали струпките.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Мрзам мачори што не ми даваат да ги галам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Малку ќе се навали наназад, ги погледнува преку мевот, а потоа им го подметнува врвот од чевелот под слабините и со него внимателно ги чеша. Но не молчи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, не може да се наведне и да ги погали со рака ама затоа со ногата ги гали.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Водата е свежа, дури ладникава. - Како да ми ги гали стапалава! - вели Јана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Детето може ним да им зборува, да ги сака, да ги гали.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
АНГЕЛЕ: Путиња мали, чиче ги гали. Здраво Михајло.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дали ги галеше свилените крлушки, знаејќи дека ги галел и тој?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нив и така никој не ги сака, за да ги гали и чува, а тие толку лекомислено си заминуваат заради една итра лисица.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)