ги (зам.) - вреже (гл.)

Војниците се прибираа во градовите, а тука, под Камна, луѓето пак изделкаа камења, ги врежаа имињата и ги ставија над главите на мртвите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имаше и клупа на која ги врежав моето и нејзиното име, но повеќе ја нема.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ако има интерес кај туристите ќе поставам нова. И имињата ќе ги врежам пак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
При тоа испитување, во сеќавањето ги врежав надворешниот изглед на писмото и неговата положба во кутичето; а секако, најпосле дојдов и до едно откритие што ги смири и најситните сомнежи кај мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вечерва, посилно од секогаш, со болка почувствува дека среќата не е надвор, вон оној круг од печати што му ги врезаа во душата оние што ги остави; од кои побегна сурово, лекомислено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од Зефир, создаден од Елохим, „духот над духовите обликувал 22 букви и ги врежал во каменот“; тие 22 букви се подлога за: трите мајчински букви, седумте двојни и дванаесетте едноставни букви. Од нив се гради целиот свет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)