ги (зам.) - впие (гл.)

Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сепак сфаќаше - беше богат. Ги впи усните една во друга и со сета сила ја повлече вратата на касата. Остро крцкање запара по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, кога нејзината употреба ќе стане доволно распространета, ќе стане друга стварност, во којашто можеме да живееме. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 103 Си ја замислувам како сунѓер, што ќе ги впие човековите дејства од реалноста во виртуалноста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Навистина идат, си пробрборија јузбашијата и мудурот и ги впија очите во мракот, небарем ќе ги бројат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
-Се отвора кон сонцето, за да ги впие магиите на зреењето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
— Тестир на аскерот да не го напушта селото оти не гори огнот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седејки в хаос од мислите мачни во земјата очите беше ги впила, бидејќи сонила соништа мрачни: Потпорните греди од нивната куќа се ведат, паѓаат шумно во мракот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нивните чекори, капки вода во мек памук, ги впи притаена тишина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)