ги (зам.) - воспостави (гл.)

Аналогно на тоа, во дизајнот погледот веќе не би требало да биде насочен кон објектот, туку кон низовите во коишто тој се наоѓа и кон односите што ги воспоставува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не станува збор за некоја насилна синтеза, како што размислува јакиот хуманистички субјект што синтезите мораше да ги воспоставува според принципот на државен удар и исклучување на неподобните мисли од подобниот систем.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но првин како ги воспостави врските со големиот француски поет Гијом Аполинер кои можат да се сметаат за наша балканска гордост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го споменувам ова со цел да покажам дека врските кои ги воспостави Витгенштајн во оваа област можат да останат по страна доколку се одбие да се прифати „ослабеното” објаснување на разбирањето кое тој го нуди.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова сугерира (само како навестување) еден вид анти-реалистичка слика за „обременетата” содржина погодна за едно интенционалистичко психолошко објаснување на следењето на правилата раководено од страна на јавноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако испуштеше нешто, тешко можеше после да ги воспостави врските - да ги собере скинатите конци, да биде пак во тек со промените на нештата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ова може да ја одразува интернализацијата на геј-синот на мајчината хетеронормативна моралност и на нејзиното љубовно суспендирање на таа моралност во негова корист, нејзиниот двоен став на отфрлање и прифаќање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, таа поделена приврзаност може да го оживее или да го подгрее споменот од детството за мајката замислена и како невидено попустлива и како неприкосновено строга, трогната од близината со сина си, а пак морално или естетски згрозена од неговата настраност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Видовите на односите што можат да ги создаваат со овие предмети служат за изразување чувство за она што според нив значи да се биде геј побогато од пообичните односи што во својство на гледачи можат да ги воспостават со слики на геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, може да го изразува и неговиот несигурен и амбивалентен однос кон семејната форма и кон самата хетеронормативна култура: неговиот истовремен презир кон хетеросексуалното семејство, кон неговите вредности, кон неговиот симболизам и неговата емоционална клаустрофобија, од една страна, и, од друга страна, неговата натамошна опфатеност во угледниот и достоинствен облик на живот кој семејството го претставува и во стегите на љубовта кои тоа ги воспоставува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)