ги (зам.) - воскресне (гл.)

Но ни волшебната вратика не можела да ги воскресне од земја луѓето на минатото, ни крваригата, ни синчецот, ни боцкавото магарешко цвеќе. Ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Небаре се простувале од ненадоместливи пријатели, од луѓе што последни ја чувствувале нивната непроверена сила, тревите омајно замирисале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исто така, се зборувало дека Јапонците знаат како да ги воскреснуваат мртвите со помош на бисери, но и тоа, изгледа, беше една од измислиците на Марко Поло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Иако беше нечестив дури до врвовите на клепките, ова доста го збуни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И уште ви реков дека верувам во Бога со сето мое битие и убеден сум дека Тој еден ден вистина ќе ги воскресне мртвите, и праведните и оние грешните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)