ги (зам.) - вознемирува (гл.)

Точно предвиде момченцето. Бидејќи не беа за колење, вечерта никој не дојде да ги вознемирува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Свирачот бил толку неталентиран, па со изведбата на композициите ги вознемирувал локалните жители.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така би и во таа темна ноќ кога душата беше претворена во светлина за да го осветлува патот на сина си до границата која го сечеше Езерото на неколку километри од гратчето Подградец Бабата своите внуци, кои сега се оддалечуваа засекогаш од неа со малиот чун во судбинската ноќ на својот живот, ги заспиваше со прикаски и легенди поврзани со блиското Езеро, чии бранови често допираа и до бреговите на нашите соништа, ги вознемируваа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Радуле и Стојна не ги вознемируваше дури ни можноста дека секој момент може да наиде и да бувне во собата оној нејзин придонесен син, Оливер, кој токму тогаш можеби играше фудбал на широчинката под Црвената кула.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога им потсмекна малку жалта и болките на луѓето за загинатите, зафатија да ги прават другите редови што ги носи животот: направија неколку свадби кои поради војните, останаа не направени; потоа продолжија со редовните свадби, а почнаа да женат и мажат момчињата и девојчињата предвреме, уште млади - тукушто почнало ѓаволчето да им се буди во нив и да ги вознемирува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во моментот на планирањето на иднината, во кабинетите на Партијата, козите слегуваат во главниот град: оваа бела пацифистичка инвазија ги вознемирува и шармира духовите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сигурно мајка ми ќе ме караше што така си дозволувам да ги вознемирувам луѓето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Живописниот, разгорениот предел на Пасквелија, таа жива, немирна постојбина на Чинговата имагинација е избраздена и страдна земја врз која се случувале мачни нешта што непрестајно ги вознемирувале луѓето што на неа се борат за опстанок и живот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)