ги (зам.) - вози (гл.)

Оние што имаат свои коли, ретко ги возат во градот, и тоа само во итни случаи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нив ги возат кога намераваат да излезат надвор од градот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кај нив пловеше чамец со веслач.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Тоа е Харон. Тој ги вози мртвите души - му шепнаа на дедо Васја, кој во последните пет години лошо слушаше. - Рибар ли е, или што?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Замина со првиот автобус. Додека возачот ги возеше тие триесетина минути, Томо го беше облеал некој чуден внатрешен немир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ај мајката, си реков, решен да ги надитрам и прв влегов во автобусот што по колата требаше да ги вози луѓето што го придружуваа мојот закоп.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Камионите и автомобилите ги возеа луѓе од крв и од месо, луѓе што имаа вид и слух и имаа сопствени желби, луѓе што имаа возачки дозволи и полиси за осигурување, ги возеа роботи што се тркаа по патеките, раководени од сили што тие не ги познаваа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тие ги почитуваат колите што ги возат, зашто тие коли ги одвезле на долги патувања и ги вратиле назад без да имаат некој проблем со нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За ѕидарите, за дрводелците, за оние што ги прават покривите, за луѓето што ги возат тракторите, ручекот е целта на утрото и пладневна награда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А нив мораш да ги возиш (покрај ова и пливањето, најтешката работа во животот).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сакаме да му се придружиме на Момчило и со него да ги возиме нашите трицикли на небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дени, станарката на Clock House, е вдовица на сликарот Алберт, кој до интервенцијата во Унгарија, бил тврд комунист, а потоа минал во „зелените“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Диди (глас во позадина): Што ве возбудува најмногу?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Бензин, мотори како Харли, особено кога ги возат кршни лепотани со исончана кожа, извалкани со масло и, се разбира, најмногу од сè ме возбудуваат билдерите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги гледам како ги возат своите коли, зарем не, на доста сомнителен начин.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги возеше занаетчиите по градовите; и нашите, и Евреите! И богами, убаво заработуваше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- А сега зошто не ги возиш возовите?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)