ги (зам.) - вовлече (гл.)

Тесна, карпеста патека ги вовлече в шума со високи борови. Мирис на гнилеж и смола.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Еј Алек стигна! Ги допре усните една од друга, ги вовлече навнатре и продолжи со шминкањето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Маскирните панталони ги вовлекоа во чизмите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Притоа се истакнало: "...по сè изгледа, тоа претставува единствениот можен и конструктивен метод со кој можеме да се надеваме да му се спротивставиме на ширењето на руското влијание на Балканот, ако навистина сметаме дека е неопходно потребно од наша страна да се преземат специјални мерки за да се направи тоа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тие причини сметале дека "преориентација во смисла да се формира Англо-грчко-турска асоцијација" ќе ги вовлече Британците во разни тешкотии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идејата на Хундертвасер се состои во тоа некои од прозорите на одредена зграда да ги вовлече во внатрешноста за еден квадратен метар и во така настанатата ложа да засади дрво.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој скокна на нозе, ги спушти ракавите, ги закопча, вешто го собра сакото од наслонот на столот, ги вовлече рацете во ракавите, дванаесет и триесет - господи боже, и тоа е доволно лошо, но колку стварно е саат?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Градот ги отвори скриените тајни ноздри во своите црни ѕидови и еден силен вцицувачки вентил во телото на градот ги вовлече воздушните луњи низ внатрешните канали, низ густите филтри и собирачите на прав, до фината и треперливо прецизна низа на навивки и мрежи што блескаа со сребренеста светлина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сите припитомени, никој не зборува арго, лично се уверив во тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес во затворите сите некако ги вовлекле роговите: Да, господине! В ред, господине!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)