ги (зам.) - вкопа (гл.)

Брзо се свртеа назад, ги вкопаа погледите во сувиот ѕид налик на несмасен оџак, со по една камара од секоја страна и со главите собрани во рамениците брзо почнаа да се крстат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ми дојде некако назгодно и му ги вкопав забите кај зглобот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачорот отиде до прозорецот под мрежестата ограда и ги вкопа своите канџи во истрошениот дрвен страничен ѕид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа раскажуваше како Даниел ги вкопал потпорите на мостот длабоко во коритото на дивата река, како ги споил огромните камени блокови со малтер измешан со песок, и како ги влечел од големо растојание.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По половина час пешачење наместо ги вкопа остар глас на стража.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)