ги (зам.) - брка (гл.)

Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа ја зафрлува главата, ги брка мувите, но тие пак се враќаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве ја, охо, си мисли К* со својот мал кучешки мозок, каква мачка, можам да ги сфатам кучињата зашто ги бркаат мачките, си мисли К* и замалку да залае наглас додека сосетката Маргина 35 101 врти по патот и исчезнува од неговиот видокруг.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ги бркам светулките од прозорецот. И си замислувам, постојано нешто си замислувам.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Додека вака се разговараа коџабашијата и поп Ристе четите лакомо јадаа на „Студена" од донесените печени брави и топол леб, кога по ридот одозгора се зададоа двајца селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Елбете, нагазиле Сефедин и мудурот на осарникот, та ги искасале, — одговори иронично јузбашијата и поздрави во знак на свршен доклад. — Ништо чудно, — промрмори бимбашијата и го ослободи овој јузбашија за да ги прими рапортите од другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Го гледаш? Тој е Толе од Крушејца што ги брка Турците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Или сете, или никого! — се слушна гласот од Стојана Мисирлијата, којшто толку години оди фарија да ги брка комитите и со тоа не мала услуга му направи на Арслана, а преку него и на самиот падишах.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Силата на четите им се зеде, Бахтијар ги брка како зајаци и ќе ги отпаде откај нас сигурно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јок сме ги бркале бравите, јок сме му ја газеле тревата, сме му ја мателе водата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште со видело фатија метериз во камењето над патот и ги видоа сите пазарџии како ги бркаат добиците, што побргу да го поминат ова страшно место, ако не сакаат да останат без ќесиња и без добици, а може некој и без глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму е, велат, осарникот на сите пси што излегоа да ги бркаат нив од мудурлаќот и кашлата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Знајш, што кажуваше поп Петре пред некој месец, дека излегол некој Мариовец и ги брка турските качаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— И ти, Мисирли, бунтовник?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го позна гласот од Адема, кој многу полагаше на лоши пци (како секој Турчин) и многупати кога идеше да проверува дали се станати чифчиите за да ги брка на работа, носеше леб и коски од вечера ручек, та им фрлаше на сите пци. Затоа тие сите го познаваа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Некои ги бркаат уште дур им се студентки на факултет - рече шминкерот и неговиот поглед нагло се сврте кон еден стегнат задник кој штотуку продефилира на Сталинова.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со испотени и крвави прсти од бодликавите жици ги брка убавите птици.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше уште рано за пролет, но сонцето силно печеше, а јужниот ветер ги бркаше облаците од небото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Останав сама за да не ги задуши бурјан и коприва сокаците, за да ги бркам вампирите од таваните, за да бидам сама среде село, што не се ни чуло ни видело.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Станува збор за расказот „Шуга“ во кој вели: „Тоа е една многу стара игра во која детето што нема среќа, ги брка другите деца обидувајќи се да ги допре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но имаше и проклети мачки што на никаква подмамка не му наседнуваа и кои бегаа по покривите како нечистиот да ги брка или се качуваа по дрвјата и седеа на нив сè дури не го видеа Полин да си замине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уља ги брка кокошките што ги запати есеноска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Капинка и Ѕвездан се стрчуваат по пајнчето, јас ги удирам по раце и ги бркам надвор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Козарите ги забираат козите и ги бркаат подалеку од нас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Капинка и Ѕвездан ми плачат за јадење. Јас ги тепам и ги бркам од собата на Здравка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Иш, иш, вика и ги брка со една прачка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги бркаме, така, арапите низ полето и тогаш некој рече: - Да се вратиме, луѓе, оти таму има и други војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ете што ме најде сега, викам, лелекам и ги бркам другите деца да не ѝ се доближуваат на Роса, да не се префатат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зошто бре да ги брка? Тој со својата убавина треба да бега од нив.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој и Бојана гледаат филм кај неа дома, пристигнуваат на балот, танцуваат, гардистите ги бркаат, бегство во безбедноста на таксито...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се вознемирија и кокошките и почнаа да прелетуваат низ дворовите, плотовите, да грачат; започнаа од земјата, од дупчињата и пукнатинките, да излегуваат бубачки секакви гадинки и да растрчуваат вознемирено наваму-натаму како да ги брка некој, како пред оган.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Палеа и слама, лепешки, објала, козина, пиперки, за да ги бркаат. Ништо не помагаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Навистина се покажав како незнајко, бидејќи филмот на крај беше токму она што милион клинци сакаа да бидат - слободни на патот, да дилуваат дрога и да ги бркаат. (...) Суперѕвездите од старата Фектори не доаѓаа често во новата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да ги брка лошите мисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доста си ги брка, како домашните, така и полските работи токмо со сите витолишки невести и си го гледа девојчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
С.П а — ја (од, она, таа) аба — долно алиште (фанела) авалеџиа —собирач на данок авџитабур — потерно одделение, војска што ги брка комитите аза — одборник, советник ак — плата акибет — најпосле алабак — турски војник од Азија, развлечен, нечист алабачка — исто се вели за таква жена аламан, и — силни луѓе, напрасни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Угарта црнее, воловите бегаат по бразда, небарем штрколот ги брка, а тој едвај се гледа по нив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега пак, ене го каде ги брка јагнињата во дедо Маловото асло, ждребето по ливадите и децата на чаирот. Од дрвата направи цела променка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турски офицер на 1.000 души аскер биро — јуначе (Ајде, биро бе — ајде јуначе бре) бити-вајда — се стори, беше работа благота — млечни производи: сирење, маст, урда бобовица — прат ргав качење бојов — еден дел од везот на женска кошула на долниот крај одѕади болка — Во овој случај жената Стојова не ја бива за ништо бонгур — крупно мелена пченица место ориз бош — јалов брези магарици — во см. видни, утледни, во нив секој ќе се загледа бришалче — шамивче за нос букаре — дрвен сад за вода буле — кравајче, малечко лепче бутурисан — поттурнат, прекаран вапцима — бојадисано предено варија — специјален турски жандарм што ги брка арамиите веда — вештица везотница — везана кошула, саѓија велјо — големо велја среда — среда пред Велигден верушки — вериги. синџир на кој се обесуваат котлите да се топли нешто на нив виа — 1) овие; 2) брза (Имам виа работа — имам брза работа) вијам по дирата — ќе му ја барам дирата, трагата со жал; ама нема да му ја најдам вит — неповрат, далеку, неизмерно далеку владичката — за секое венчање зетот плаќаше во турско време 1/2 лира за владика влачи — овде: си го чука умот ваа — оваа вов'чам — ќе се ослободам, овештам воденик — штица на која се клаваат садовите со вода, букарот, ѓумот и бардаците вој — овој волеса — бива (не те волеса за ништо — не те бива за ништо) вра — врав, снопје насадени на гумно за вршење вратика — горска миризлива трева врзана коска — зрела особа, на време вурдук — цигански шалвари вутно — предено за унечки-фути вутче — уничка, престилка гаглак — слабуњаво дете, рахитично галати — псуе галиба — ама, ете, тукуречи голтарачка —гола, сиромашка грабенко — детско или старска боравена кошула, не алова, црвена гребнарка — направа за влачење каде се клаваат гребните грепка — брнка од дојка грниче — шамивче за на грло, на гуша грувам — ќе работиш што си се нафатил иако не ти е пријатно гушале — шамивче за на гуша да ги закрива градите оти кошулите на Мариовките се многу отворени и без петлици давија — тужба далак — болест (далак) дамка — жиг по дрва или стока дартма — крпа за лице бришење даше — јагне домашно кое обично девојчињата го пасат летно време двајстипет — кове од тенеќија од 25 драма декика — минута декцан — мил, добро му дошло што е дошло декшава — согласен, пристанува дели — нешто се разликува од другите дерт — болест по децата дечуманец — дечиште дизг (ск) — специјален тас во црквите на кој се собираат пари дип — сосма, веќе диќел — железна алатка со два рога за копање лозја, градини доде — даде, цеце (сестричке) дојница — овца на која јагнето ѝ е умрено докца — дотера (што те докца — што те натера да го направиш тоа) дореда — идниот пат дос — другарики достур — достаточно, доволно драк — долго танко дрво за сушење алишта (прат) дркул — старец дробни работи — утробата. цревата, дробовите и срцето од заклано животно дуда — име на девојче додека не е крстено дупкар — човек што наоѓа што бара душогубие — злочин со убиство ѓрпам — шетам, трапам без цел ѓувезно — темноцрвена боја (предено, каделка) ега — де, а де едноногиот — ѓаволот елбете — сигурно, наравно ешта — апетит, волја земник — визба зерем — значи зилјатарка — завидливка злов — лут, опасен, лош ѕверам — гледам во некого или во нешто со алчност со пари на синџир или подврска ѕидиница — урната куќа од која стојат само ѕрнѕурки — накип ѕрцки — очи изведит — строен, висок извреснам — искочувам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А за да го убеди началникот оти навистина се посрби, почна да ги брка своите селани — воени дезертери, што не сакаа да се борат против пријателот на Бугарите — Австроунгарија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќаата од бегот секое утро со грбачот ги брка сите на работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ДЕВОЈКИТЕ: (Пеат тивко) Дал ми ти говорев, море девојче, не оди рано на вода, чешмите ни се, мори, далеку...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ми кажуваа дека џандарите ги бркале и ги гонеле децата со кикиритки в затвор. (Пристига група млади печалбари пеејќи): Гледај ме, гледај, либе ле Цвето!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Напред потрча командирот на четата, а последен во колоната беше комесарот со задача да ги брка пред себе тие што заостануваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со стап ги брка.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ќе ги бркавме како јас Јеховини од пред врата. Ќе бевме едно џукело една.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Но во спомнатиов случај открила дека една втасала дури до нејзиното колено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подоцна објасни дека всушност и не се плашела од тие гадинки. Обично ги бркала и газела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Две зајачиња, две другарчиња, беа исплазиле јазици, бегајќи од една огромна лисица, што подолго време ги бркаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Сепак да си одиме, - свика поголемото зајаче, кога се сети на страшната лисица што ги бркаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Та до скоро со пушка на рамо комитствуваше по Пелистер и ги бркаше зулумќарите, а сега одеднаш да стане селски предавник.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Комитите ги брка тој еј!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Воловите ми ги бркаат... Сѐ ми прават... Лебот ми го кријат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури и тогаш кога можеш да ги исполниш, ти ги бркаш од себе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со мотика, со вила, со чекан фрла татко ми по нив и ги брка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Почнавме да ги бркаме, да се браниме со стапови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Надвор! Зарем не гледате дека породувањето не е завршено! – ги бркаа гинеколозите развеселените жени, кои мислеа дека веќе се слави успешното породување на нивната пријателка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На небото sвездите бледо и сонливо намигнуваат, а ветерот ги брка и раскикува сивите облаци и до мугри ги бушави сивата брада на поп Васил и сега побелената коса на Ѓорѓи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Беше уште рано за пролет, но сонцето силно печеше, а јужниот ветер ги бркаше облаците од небото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)