ги (зам.) - бендиса (гл.)

Заедно на вода, на река; по орото заедно си седеа и многу си ги бендисаа табиетите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Баба му најмногу се беспокоеше дали ќе ги бендиса јадењата што ги готви, и питите што ги меси.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
КУМОТ: Јас сум рекол и пак велам; со деца матеница не се срка, оти ќе те испрскаат! (Гласови од младите: Аааа... не ги бендисува — старите со старите, сакаат помешани со младите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И кога ги направил ги испулил, ги испулил, ама не ги бендисал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
КУМОТ: Штом не ги бендисува нема повеќе да се игра!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)