ги (зам.) - бележи (гл.)

Но во исто време, староерменскиот јазик се карактеризира со поголемо количество на консонантни фонеми во споредба со грчкиот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Освен тоа, словенските народи одржувале голем број контакти со други народи, кои веќе долго време познавале и применувале писма од најразличен тип: од силабариум, преземен од Евреите кај Хазарите, со кои Словените биле во блиски трговски врски, до алфабетот кај Грците, така што не е тешко да се претпостави дека ваквите контакти и запознавањето на други типови писма овозможиле подготвување на солидна почва за настанок на словенското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само дел од ерменските консонанти се прекриваат со грчки и затоа се појавува потреба за создавање на дополнителни графички симболи, кои би го надополниле редоследот на знаците што ги бележат фонетски сличните со грчките ерменски звуци, каков што е случајот со коптското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Писмото на Константин - Кирил Философ Како и да е, првото токму словен­ско писмо, кое прецизно ги одразува и ги бележи со особени знаци фонет­ските вредности на словенскиот јазик го создал Константин (во монаштво Кирил, 826/827-869), во текот на своите подготовки за Моравската мисија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие ги бележеа соништата и ги означуваа положбите на своите заспани тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во нејзиниот проект група луѓе преспа неколку ноќи во едно поле со специјални печурки во Хемпшир.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Улога на камерата Улогата на камерата во Ворхоловите филмови е радикално променета во однос на нејзината конвенционална употреба: таа веќе не се сфаќа како неопходно објективна направа што ги бележи субјективните замисли на творецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Нивниот минимализам ја пре­ди­звикува реакцијата на публиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мајка ми, незабележливо, со своите остри погледи ни ги замрзнуваше насмевките на лицата и ние брзо-брзо излегувавме гушејќи го кикотот во дланките, оставајќи ја девојката занесена во својот ритуал, и мајка ми која правејќи се дека ништо не гледа, грижно ги бележеше тие знаци на првата девојчинска растрепереност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Впечатоците натежнуваат, ги бележиш, колку можеш и додека тоа го правиш пред себе гледаш цел филм од сето она што се случило.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Една вечер, додека седеа пред шаторот на ниски столчиња и ги бележеа резултатите од денешните ископувања, инженерот Александар праша: - Што велиш, да испратам по Елена? Доктор Коста ја крена главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гледаш, јас сум повеќе син што не верува а помалку старец што не умее Понекогаш шетаме заедно по подземната железница Ти и јас Јас и ти. (Земање часови по Живеење под земја) (Мора негде да се истресе правта од искуствата за тоа Како кај нас толку лесно и пријателот ќе те предаде) Некојси кој ги бележи суровите аргументи Некогаш и метафората ќе ја повика да сведочи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И во тоа гледаа божие претсказание: или дека човекот бил некој добросовесник кој ќе го пушти Бошета да си се врати па Бог го заштитил на тој начин што сè живо во Потковицата престорил на оглувено и онемено, (зашто ако го насетиле тие, потковичаните, како што биле насрчени против Хаџи Ташку и дружината, можело да се случи да го заменат со некого од нив и да го убијат) или дека тој, Бог, ги бележил и ги казнува Јанческите за нешто одамна сторено и преку нив и сите други христијани во Потковицата ги поучува да се припазат од правењето лоши работи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А.А., ги бележи нивни­те реакции, поставува нови експонати, им дава нови ин­струк­ции на водичите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Културната практика на машката хомосексуалност честопати се стреми да создаде посебен, дисидентски однос кон хетеронормативните културни вредности, еден нужен и решителен однос кон нивната доминантно сексистичка и хетеросексистичка кодираност, како и да доведе до нивно особено, перверзно рекодирање – односно да ги настрани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат. ‌Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број машки геј-културни практики ја нагласуваат женствената позиционираност на геј-мажите, активно поттикнувајќи си ги учесниците (од обата пола) да ја заземат општествено обезвреднетата и маргинализирана положба на жените, па дури и да ѝ ја преувеличат маргиналноста и деградираноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
“181 Овој ужасен и жален портрет на Крафорд се сосредоточува на спротивноста меѓу нејзината гламурозност и нејзината абјектност, карактеристична комбинација што никогаш не се прикажала со посјајно дејство отколку во самиот филм Милдред Пирс, а особено во сцената што предмалку ја видовме, каде што нејзината строга отменост и нејзиното достоинствено држење се во суштинска спротивност со навредите што ги трпи и со социјалната и со емоционалната запрепастеност што толку речовито ги бележи нејзиното лице.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хомосексуалната желба што ја чувствуваат гејовите ги става во субјектната положба на жените и симболично ги бележи како женствени, но таа и им овозможува да задржат барем некои одлики на традиционално мажествени родови улоги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ајде сега да резимираме како функционира тоа настранување во случајот со геј-женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но културните практики си имаат и сопствени особени составни делови, кои не се совпаѓаат сосема со опсегот на секоја демографска група посебно и нивната распространетост кај популацијата не ги следи точно цртите на разграничувањето – кои и самите се изразито размачкани – кои ги бележат меѓите помеѓу различните заедници или различните општествени колективитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со парче од керамитка на еден камен од ѕидот влечевме црвена црта и со неа ги бележевме деновите што одминуваа и секоја ноќ сонувавме камиони што нѐ чекаа за да нѐ вратат дома, зашто беше речено дека по дваесетина денови ќе се вратиме... не знам зошто и не знам кој ни рече дека тука ќе дојдат камионите и тука секој ден ги чекавме...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Турците и потурчените за да не пуштаат рака по нашите моми и жени, ги бележевме со христијанскиот крст, а таква никој Турчин и потурчен дома не смеел да донеси...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа си ги бележев во фајловите на сеќавањата и ги чував само за себе и за грст пријатели.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Идат некои доктури, растрчуваат, ги бележат војниците и ги одделуваат. Ги лачат ко овци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои од нив, најуспешните, убаво ги бележеа датите на дождови, па не им беше тешко да погодат кои денови ќе бидат со дождови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тој како да одеше подалеку од своите мисловни хоризонти, вовлекувајќи се во нови интелектуални загатки, чувствуваше дека големата дебата што ја отворија со својот пријател да ги бележат зборовите со опасна конотација, одеше многу подалеку од замислената мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Градот, кој ги бележел своите почетоци уште во времето на Римската Империја под името Скупи на левата страна од реката Вардар, станал и легионерски центар (13-11 година пред новата ера) во време на владеењето на Октавијан Август.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јунаците на Флобер поразните резултати од нивното трагање по науките ги бележат во речник на излитени идеи (idеѕ ruеѕ).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Скопје ќе се најде и под византиско владеење, нарекуван Јустинијана Прима, според византискиот император Јустинијан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас, молчејќи, во воздухот со показалецот се обидував да ги бележам нивните рабови што беа во движење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема, молчејќи, во воздухот со показалецот се обидуваше да ги бележи нивните рабови што беа во движење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа се свртев кон Ема и ѝ реков: „Пропаѓаш во жива песок! Да те задржам?!
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ги бележеше и ги паметеше најситните поединости, а ги раскажуваше и ги објаснуваше со извесна поетичност и патетика.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дедот Петко му рече на сина му да ги бележи обете ракии и излегоа со попот нагоре кон Чкуловиот ан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во трлото манастирските овчари ги сортираат, ги бележат со црвена боја по челата; обележаните се тргаат настрана за колење; тие како да претчувствуваат блеат, врескаат; се случува некое од бележаните јагниња да се спаси ако пред колењето овчарите увидат дека може да биде расно и ги враќаат назад кај другите јагниња оставени за приплод; спасеното јагне сè уште блее од страв; блеат и другите јагниња исплашени од неговата црвена боја, од неговиот смртен знак на челото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти си се трудел да ги бележиш настаните што се покажале како важни, дури и клучни за животот на твоето семејство (најчесто него го атрибуираш како емигрантско и балканско), но и да ги профилираш неоспорните протагонисти на тие настани: Твоите родители есенцијални, морални, егзистенцијални и (оттука) творечки, естетички вертикали на твојот свет. Не само литературен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Семејство здружено во длабока, сосема тивка и сосема автентична љубов.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Читајќи ја Твојата семејна сага, човек просто мора да Ти заблазни за овој силен, моќен, исклучително редок, во секоја смисла бесценет жителски ориентир, што си го добил со своето воспитание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)