ги (зам.) - ангажира (гл.)

Нему му беше позната стратегијата на Мирон Донски во која беа вклучени и неговите непогрешливи историчари кои ги ангажираше во своите проекти, вклучувајќи ги тука, во прв план, и сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И пристапот на реавторизирање којшто овде го опишав не е едноставно процес на “укажување на нашите позитив­ни страни”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Друже Србине на жените им забрани да одат на работа, а мажите ги ангажираше да се грижат за стоката, за фурната и за мелницата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петлите премногу ги ангажираат кокошките ”се топорат врз нив и ги исцрпуваат”, рече таа, така што, кутрите, одвај имаат време да несат јајца и да ги квачат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со цел спречување на активноста на партиските кадри бугарскиот окупатор ги ангажира покрај војската и полицијата и целокупниот административно просветен и друг апарат до тој степен што било многу тешко да се превземе било каква аткивност, а таа да остане неоткриена од власта.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Јас мислам оти ништо друго не ни останува да направиме, освен да се однесеме со полна доверба кон реформаторските усилија на двете заинтересирани сили и со тоа да ги ангажираме час поскоро да се воведат обеќаните реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овој пристап активно ги ангажира индивидуите во разоткривањето на загатките коишто терапевтот не може да ги реши.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)