ги (зам.) - анализира (гл.)

На површина, неговите текстови се занимаваат со дрога и хомосексуалност, омраза, насилство, убиство, но во суштина тој ги анализира механизмите на власта во постмодерното време.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој не ги напаѓа симптомите, туку ги анализира причините.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истите тие пискарала не се ништо друго освен форензичари на сѐ што е уништено и сите по дефолт се аналитичари, историчари кои само ги анализираат грешките од минатото, а никогаш не даваат решение за иднината, но како главна особина им е лепењето етикети на сѐ што е прогресивно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе ми е важно и верувам на тоа како јас го доживаувам човекот, поради тоа што личностите ги анализирам подлабоко, продирајќи до темелот на нивните болки кои се манифестација на нивното однесување.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа ги анализира структурите на национализмот како во основа хомосоцијални, докажувајќи дека антагонизмот кон жените од сопствената нација е една од првите форми на напад врз “Другиот”, и дека е конститутивен за национализмот, или за она што таа го нарекува “екстремен национализам.”
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа исто така ги анализира постојаните анти - феминистички позиции на медиумите и на политичарите во Русија, анализирајќи ги нивните поими на “претерана еманципација” и “цената на еманципацијата”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од секојдневните, ги анализира идеолошката симулација, Ман и Кетман однесувањето; а од граничните, - хероизмот и фанатизмот, донкихотството, борбената идеологизираност, предавството и дисидентството, преоѓајќи потоа на проблемот на губењето на телеолошката заднина и на откажувањето на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Авторот разликува секојдневни и гранични ситуации на инкомпатибилност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Влегувањето на САД во војната на 8 декември 1941 година повторно го актуелизирало прашањето за местото и улогата на координаторот за информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Одделот за специјални операции на ОСС презел повеќе мисии во Европа и во Азија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Државата и војската имале формирано свои сопствени сигурносни и контраразнавачки процедури, а армијата и морнарицата формирале одделни служби за дешифрирање и читање на информациите што пристигнувале од дипломатските претставници на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната работа на Одделот за разузнавање (Secret Intelligence - SI) на ОСС во Лондон била да ги прибира и да ги анализира стратегиските пораки што биле важни за Заедничкиот генералштаб на САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нејзината активност била дефинирана од страна на претседателот на САД, Рузвелт: "да ги собира и да ги анализира сите информации и факти коишто се однесуваат на националната безбедност, да ги споредуваат таквите информации и факти и таквите информации да ги направат достапни за Претседателот и за оние Министерства и функционери на Владата што ќе ги посочи претседателот; да преземе, на барање на Претседателот, такви помошни активности кои би го олесниле обезбедувањето на информациите што се од национален интерес и кои во моментот не се достапни за Владата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Некои од информациите успевале да пристигнат и до претседателот на државата, но во тој период ниту еден од чиновниците во Белата куќа не се обидел критички да ги селектира и да ги анализира информациите што биле добиени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Друго својство на сметачките машини, што треба да се истакне, е изненадувачкиот факт што тие машини не само што сметаат, туку можат и да компјутеризираат, т. е. во броеви не се само способни да ги анализираат равенките, туку споменатите броеви можат да ги синтетизираат во структури.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислам дека веќе ја нема, ама мене ми е арно во најзадниот ред со ѕидот зад грбот од проста причина што никој не може да ми гледа во вратот, во алиштата, во тилот, а јас можам сите да ги гледам и да ги анализирам.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој ставаше акцент на еволуирањето на визуелниот јазик, конципирајќи дека тој е примарен медиум, независен од подоцнежните културни и личносно-индивидуални влијанија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Истовремено, Кандински правеше попатни промени на самите детски цртежи давајќи им уште поизразена детски наивна појавност, за потоа да ги анализира генералните карактеристики на детската творба кои го изнудуваат оној впечаток на „нешто недолжно, безопасно, искрено”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Слично, кога ги анализираме интеракциите меѓу владите, големите комерцијални монополи, медицинските и воените власти, забележуваме дека тие обично се поврзуваат на различни начини, надополнувајќи се меѓусебно, без да ги загубат своите индивидуални особини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)