вие (зам.) - тоа (зам.)

Јас сум во години но меѓу мене и вас нема разлика. Вие тоа сега не можете да го разберете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Прашан од агентот што го апсел дали тој фрлил динамит на „Алхамбра“?, одговорил: “Не на ’Алхамбра’ туку на англиската кафеана, на Банката, на мостот и на сите други места на коишто вие тоа го сакате“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Што и да помислам – грешам. Какви луѓе сте вие тоа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
САРА: Каков сте вие тоа поет кој не ги носи песните со себе. Добро, кажете го крајот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)