ви (зам.) - прилега (гл.)

И таа не ви прилега. Зборовите ќе ве запизмат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- А, Мимоза. Какво убаво име. Токму ви прилега.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вие и вистински не ме интересирате, минувајте, минувајте, и побрзајте, не влечете се како загубено милениче, таквата улога најмалку ви прилега, ми навестуваше без зборови однесувањето на натрапникот од пред мојата врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Токму ви прилега, Грдан, Погрдо да прилега не сум видела.  - А, да простите, што работите?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Владимир Миленков Драга Рада, Вие требаше да се викате Момо Капор, само нему и Вам ви текнува и ви прилега ваква анализа, бидете живи и здрави и радувајте нè со Скопски приказни. Поздрав В. М.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Впрочем, најдобро е секој да си ја брка својата работа и да не му обраќа внимание на оној, другион, како да ми нашепна натрапникот додека поминував покрај него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ви прилега. Голтнете ја пцоста од јазикот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)