ви (зам.) - помогне (гл.)

Зар не се плашеше да не те фатат?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нека ви помогне господ!- им пожела „трговецот“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не можете да се разбудите од кошмарот, освен ако некој не ве слушне и ви помогне да се разбудите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Можам ли да ви помогнам? - пак ра развлече онаа иста ѓаволеста насмевка. - Со плачење? ... - ја прекинав јас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Еве го и татко ви, токо зошчо ви е кога не може да ви помогне!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И кога јас и би сакал да ви помогнам да го носите тоа...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потребен ви е, за да ви помогне, неуморен поглед што ве носи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Купете книга која ќе ви помогне да ги идентификувате вистинските и избегнувајте ги отровните печурки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Позитивни искуства: кофеинот е мек стимулант кој може да ви помогне да останете будни и во приправност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е така затоа што едноставно толку сте отворени за сугестии кога сте на ЛСД, што да ви кажат дека чоколадните бисквити можат да ви помогнат да ја контролирате дрогата, вие ќе поверувате и навистина ќе ви успее.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со што можам да ви помогнам?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Ако сакате можам и вам да ви помогнам...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во што можам да ви помогнам?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ана рече дека ќе ми ги подава предметите кои треба да се фрлат, да ги ставам во кутијата со непотребностите, а таа ќе ги сложува избраните предмети во кутиите кои потоа ќе ги испратат по пошта за Лондон.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Би можела да ви помогнам,“ реков. „Во пакувањето.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Е, малечки, теткини деца! Тетка секојпат ќе ви помогне!“ - рече таа и излезе од училницата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Изгледа дека му е тешко од тоа што првпат убива. (На Младичот.) Колегава Тажен ќе ви помогне.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се наведнал и не можел да го голтне отровот на јадот што му се собирал лепливо и чемерно околу катниците. Молчел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тој појде по вас и рече дека сака да ви помогне, тивко, скоро срамежливо плачела жената.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дозволете ми да ви помогнам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
1. Драга Асенета, Вие можеби имате волшебни црни очи кои фрлаат мирисни погледи околу себе, можеби зад себе сеете скапоцени сенки и можеби мочкате колонска вода, како што рекла една писателка, но тоа нема да Ви помогне да станете јунакиња на оваа книга.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другите можат слободно да се откажат од натамошните обиди и читањето на оваа приказна веќе нема да се однесува на нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другите читателки можат и да ја фрлат книгава, бидејќи веќе не се однесува на нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
1. Драги Аристин, Вие можеби имате раце и глас од коишто треперат женските уши, мустаќи кои ја разубавуваат вашата насмевка и насмевка која ги разубавува вашите мустаќи, но тоа нема да Ви помогне да станете јунак на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе ви помогнам да си позборувате со тој цртеж.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Ве разбирам”, рече Пламенче, „но не сум во состојба да ви помогнам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Никој не ќе може да ви помогне.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Калуѓерите им велат: „Свети Наум да ви помогне“.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Можам ли да ви помогнам, господин докторе?“ чу и пак исплива на светлост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Знаете дека доста можам да ви помогнам, нели? Добро.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ве советувам во меѓувреме да проверите, можеби го имате негде затурено оној додатен лист, што може многу да ви помогне?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Би можела ли да ви помогнам?“ „Не, благодарам. Ќе излеземе на крај.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се знаевме само неколку дена. Не, не беше ни толку!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Малку можам да ви помогнам – реков. – Малку го познавав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Жената шепотеше: - Држете го ова. Ќе ви помогне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
DD ПТ: Како оди списанието “Интервју”? DD ЕВ: Па, не е лошо. DD ПТ: Наскоро ќе ве ревидираат за Audit Bureau of Circulations. DD ЕВ: Да, процесот е во тек. DD ПТ: Дали тоа ќе измени нешто? DD ЕВ: Не знам. DD ПТ: Можеби ќе ви помогне околу рекламите... DD ЕВ: Да.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„И јас ќе ви помогнам“, настојуваше Мими.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но јас се надевам дека целта што сте си ја поставиле, да ја овековечите семејната меморија, ќе ви помогне да живеете што подолго.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Драги братучед! Ти се бориш за туѓи интереси и против мајка Грција. На крај ќе изгубите. Никој нема да ви помогне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потсетете се некогаш на ова мое кажување, на неколкуте случки што ви ги раскажав, можеби тоа ќе ви помогне да одбегнете некоја невола.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Знае да ви биде другар. Да ви помогне. Да ве одмори.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
КИРО: (Се прекрстува. Гледа во ковчегот на Султана. Тишина.) Бог да ја прости. (Пауза) Дојдов да ви помогнам да го ископаме гробот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)