ви (зам.) - зборува (гл.)

Пошироко гледано, луѓето на екстази имаат обичај многу да дрдорат и можат со саати да ви зборуваат колку бескрајно ве сакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
1. Без оглед што ви зборуваат, никогаш не ја зборуваат целата вистина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А јас, велам, видов такви како вас и такви како Лазо твој, та затоа така ви зборувам...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На пример, вие сте застанале крај гробот на некоја исчезната позната личност, за која некогаш нешто сте читале, но токму што - тишина; вие стоите, слушате како над главата ви воздивнуваат темните крошни, како вознемирено гака јато врани и едновремено се потсеќате - тоа и е моментот за изненадување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сухов однекаде ви доаѓа од зад грб и ви зборува со таков тон како да ви прави услуга: -Овде почива правот на Михаил Матвеевич Херасков, угледен поет од епохата на дворските преврати...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се сеќаваш, неколку пати ви зборував за неа. Еднаш дури бев и нејзин гостин во Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој, за нашиве апатични и депресивни прилики, неверојатно креативен, продуктивен и енергичен дух во ова интервју ви зборува, драги (“)маргиналци(“), како за бескрајно умножените светови од онаа страна на кукулинскава кал, така и за калта сама, за нашето заедничко пребивање на оваа тажна и влажна почва.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа што не го гледате, а го слушате, тоа сум јас и ви зборувам далеку од вашите очи, скриен под врвот на планината во месноста наречена Мрак.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И ако ме намразите поради зборовите или поради делата мои, јас нема да починам и повторно ќе ви зборувам и повторно ќе работам и единствено во срцата ваши, а не надвор од нив, ќе ја барам повторно љубовта кон мене, ќе ја барам со секој здив на моето битие, оти не постои друга награда на овој свет за оној што вистински љуби освен возвратената љубов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Боге од Бањи. Не, мајка ми ми нема раскажувано за него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Го имам доведувано во училиштето да ви зборува за војната - ми објаснува тој. Точно, точно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сто пати сум ви зборувал за тоа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
МЛАДИЧОТ: За тој единствен пат и Ви зборувам. Бев уште малечок.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ви зборувам за Крим. За нашиот погром.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Јас, сестри мои, не сум дојдена да ви зборувам, туку да плачам, во плачот нема акцент”.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)