ви (зам.) - верува (гл.)

Значи, веќе не е важно што се зборува туку кој зборува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои луѓе се утрински, а некои вечерни суштества.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но за да се стигне до ова ниво на доверба, потребно е да се мине многу „подготвително“ време со рефлективците, во кое тие ќе ве засакаат и ќе научат да ви веруваат. Во спротивно, ништо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Многу неволи ни направи, вели Костадин Дамкоски, а ние во писмото до султанот него го бараме за да ни биде свештеник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој поп голем шмеќар е. Се слуша тие го отепале и стрика Анѓела Јанчески, ама оти вие велите дека стрико Анѓел си умрел од своја смрт, јас ви верувам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Полицаецот: Никој нема да ви верува.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кој мислел на нас и на нашето школување.“ „Ви верувам“ , рече Отец Симеон. „Согласно со науката волците се хранат со месо.“ Сироти мали дождалци со тромава и жолта фантазија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поетите често прават слични работи (иако денес тоа не е баш во мода ). 118 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Ѕвонењето престана, зар не? Да, да, ви верувам дека има безброј начини да сокриеш некаква порака во некое музичко дело, како впрочем и во песните на пример.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Знам, ви верувам, мили мои...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да, се согласувам... Ви верувам... Да, можеби имате право“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- И да сакам да ви верувам не можам - им вели матичарот - јас работам по закон...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ниту за грош не ви верувам, но не е ни битно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ве слушам, Клиневич, многу сум радосен, верувајте ми...“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)