ви (зам.) - бев (гл.)

Што Ви беше најголемата радост во животот? Па, мој боже, ќе ви признаам дека немаше многу такви нешта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Е, мој Псалтире - му се обраќаше директорот, сега со посмирен, но и натаму со ироничен тон - кај ви беше умот?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
О сите ѕвезди ви беа наклонети а младите исполини со руси коси се тргаа од вашиот пат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вам ви беше многу пријатно да ни ја пеете, од една страна, методичната песна на братството и сојузништвото и да нè лажете со добрите намери на „јужнославјанскиот пиемонд“ а, од друга страна, да сеете прозилитизам во западните краишта на нашата татковина и да ја плетете својата етногравска и политиканска кошница.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крајна цел ви беше троконфесионалната судбина на албанскиот народ да ја укинете и да наложите ново месијанство...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
МИТРЕ: Како ви беше на ваша милост името?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Лесно ви беше, Боге, да наредувате додека траеја борбите: дај ова, направи она.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога гостуваше Окружниот театар, со нивната пиеса „Аналфабети“, ме замолија да им ја украсам сцената.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Поприлична бројка! И сите беа погребани во сандаци?“ „Точно“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сети се само на сардисаните кај Крупиште. Колкумина беа?“ „Богами добра бројка“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш, излегува дека меѓу нечувствувањето никаква потреба да му се припаѓа на нешто и чувствувањето неодолив порив да влезеш низ примамливион влез на маалскион пијано-бар не зјае никаква непремостлива генерациска провалија, туку само тенок меѓуграничен појас што не е поголем од деценија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таа сцена, слаткиот геј-дваесет и нештогодишен дечко, клубољубецот со патриотски чувства, со романтични копнежи и со републикански ставови му се фали со својата нормалност на еден триесет и нештогодишен панкер кој има сида, за најпосле, носталгично, вака да си го моли постариот познајник: „Покажи ми го Вилиџ“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А тоа да ви беше уште пред речиси три децении; слаткиот реганист клубџија, да преживееше, сега ќе ја имаше заминато педесеттата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Погледи на разделба (Parting Glances) за тогашниот геј-живот во Њујорк – еден од оние нискобуџетни, независни квир-филмови кои на новинарите од ТОНИ веројатно би им биле „невпечатливи“, а за кои јас, ете, имам високо мислење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кршете вратот од мене, чакали ненаситни, зарем не ви беше доста? Јас пак помислив: им текнало на децава да фрлат настарост некоја помош, а тие уф...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше добро и што отиде кај Претседателот, што виде дека тој со таа вар, што ја чекавте вие цела утрина, и што ја штедевте, бидејќи ви беше пред крај, ги дотеруваше ѕидовите, и дека неколку мајстори од твојата бригада работе тука, без да ти го знаеш тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не знам каков ќе ви беше алот да не бев јас, за некако да го врзам крајот со крајот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Всушност, оној сон што не сте го сонувале, но кој ви беше зададен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа норма обајцата делумно сте ја исполниле, лажејќи дека сте сонувале нешто што не сте сонувале и давајќи ги своите лажни податоци, своите лажни имиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некои од децата малечки мангупи, лоши карактеристики, некои без талент, Кејтенови браќа, ѓаволи, за да се пошегуваат, туку ќе ѝ се обратат за нешто, ќе ја прашаат: - Другарке Босилке Кочоска, како ви беше името?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Климент Камилски не знаеше како да ѝ се заблагодари за одличната тава имам бајалди, не можеше да најде вистински зборови, сакаше во мигот да ѝ бакне рака на Мајка по втор пат дента, но виде дека тоа не оди, па мигум се откажа и ѝ рече воодушевено: Одлична Ви беше тавата имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не ви беше доста да беснеете? Ни товаривте на врат брегови – бремиња – За сите идни времиња!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Викендите ви беа резервирани за семејствата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Просто си спомнив како ви бев вам девер, и сето тоа тогаш.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Гласно рече: „Да ви беа празни џебовите, веќе ќе ви покажев.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги вградивте ли во статијата сите наши аргументи што ви беа ставени на располагање?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А и нам, тоа се подразбира, кога ќе ни недостасуваше одвреме навреме по некое тровче од богатата љубовна трпеза со која располагаше".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако сфатеше, животот ќе ви беше многу поздрав и порозов, и тебе и нему.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А вие сте се истегнале па дури до чорбаџи Теодос. Море, ќе ве испружам на земја па секому пет по дваесет и пет! (Го дига бастумот.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Каде ви беше умот бре, анатемњаци, кога го сторивте ова!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Никогаш не заборавајте што ви беше потребно за да станете луѓе: да дишите длабоко, болката при првиот плач, мајчино млеко, грижа, љубов и топла прегратка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И никогаш не заборавајте тоа е се што ви треба за да останете човек.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но перверзноста на стапицата која ви беше организирана на враќањето, кога ја минувавте границата, има нешто застрашувачко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав внук – тој сега ќе ви беше врсник и ќе работеше со вас ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Каде ви беше главата да размислевте, девојчиња сте, ве сметавме паметни, а вие?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу сте нè разочарале, да знаете, ептен многу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)