ве (зам.) - вас (зам.)

— Ете го него, ете ве вас. Сега пазарете се вие, немој да речете утре: „коџобашијата не зе на душа".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но подоцна, гледајќи ве вас, се уверив дека не сум имал право...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ете ве вас тројцата, шо ќе направите — направено нека биде!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој е од мене каршилакот. Ете го него, ете ве вас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Аман господине, аман. Еве и ефендиите, еве ве вас, шо знајте правете си, шо су крив јас, шо ме топате? — застенка тој и падна на чардакот, на неколку метра пред масата каде што седеа гостите и чорбаџи Сиве.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)