ве (зам.) - чека (гл.)

Тие мене ме чекаат! Не ве чекаат вас!...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ве чекаат трактори, булдожери, комбајни, локомотиви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Внимавајте, кон рајата бидете справедливи, инаку ве чека куршум! Гоце Делчев.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Штом го прочита писмото, извика: - Алал да му е! Јунак е Гоце Делчев!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повелете... Ве чекаме... Но, овојпат нема лесно да успеете. Малку ќе се помачите...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- И додека вие сте тегнеле жилави месишта и сте цвикале скиснато вино, вашите кокони во вечерни фустани ве чекале за свечен прием во чест на Златниот венец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
О, чудесни птици што нè надлетувате со своите гласови, чинија зрели плодови зад вратите ве чека.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Зашто утре, рече, ве чека работа на полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не, јас сам не сум, среќно патувајте, но Вие кај сте тргнале не враќајте се, тука не застанувајте. Некој ве чека.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Дојдете. Ќе се најди маса и за вас. Ве чекам... - Ќе дојдеме – реков – ама наредниот пат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ќе ве чекам и не морате однапред да се најавите – рече и со зголемена брзина замина за Билишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ЛУКОВ: Вие не грижете се. Вашата работа ќе биде само да ја претрчате далечината од местото на атентатот до пунктот каде што ќе Ве чека мојот човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Само, чајов е готов, а вас ве чека пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ајде, вас и пат ве чека. - Ајде, - рекоа заедно оние двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ќе си одите, ќе ве пречека тој што ве чека... Но јас? Кој мене?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
а тој - дандара-мандара: ако се премислите, работата ќе ве чека, вашата работа вас ќе ве чека, нашата работа секаде нас нѐ чека, си мислиме,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Во недела со сопругот ве чекаме на вечера. Околу... Кога ви одговара.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да ме чекате мене?! Тоа значи на многу други места ќе ве чекаат вас.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Повелете! Мезето е готово, ве чека на масата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веројатно имате семејство што ве чека: жена, деца...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гусари, ве чекаат гладните грла на нашите топови. Капка дожд го погоди Симеоновиот кораб. И пак уште една.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оставете ги празните книги и хартии. Ве чека работничката класа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На втората лента на Табановце ќе ве чека полицискиот службеник Јованче Крстов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој веќе ги има инструкциите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
— Та си мисли и га кани: — Повелете, повелете, добремидошле. Ете, така ве чекам, а! Двајца кинисате, троицата се вратите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ве чекав и ве дочекав Како прашина од истрошен камен Студен камен во очите на змијата Тежок камен во очите на орелот Сив камен во мојата душа.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
СТРИКО МАРКО: Еј момчиња! Огладневте од скокање! Ај, седнувајте на јадење! Зашто голем пат ве чека!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КАРАМАН АТАНАС: (Зад кулисите) Вино, вино ли се твоите очи! Погледна ме, опија ме! (На сцената). За цела недела пијан одам, а за месец мамурлија!..
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
„Идат, синко, неизвесни времиња и којзнае какви сè војни ве чекаат, што ќе донесе иднината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе ве чекам и по полноќ! – рече на крајот Гури Порадеци и цврсто се прегрна со Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И пред нашето гостување најдовме напишано: „Ве чекаме, како слободата што ја чекаме".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вас ве чека долг пат, рече, а голо здравје е готова болест.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Земјата мила, мајчица родна колку е сочна, мека, грабнете плугој, орачи мои, сеидба вас ве чека!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Земјата мила, мајчица наша колку е сочна, мека, брзајте в ниви, орачи мои, сеидба вас ве чека!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Писателката погледна на часоникот: „Времето брзо одминува - треба да привршуваме, ве чекаат редовните обврски.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
(Влегува Велков.) ВЕЛКОВ: Добро утро ефенди Кајмакам. Уште сте овде. Ве барав во уќуматот. Ве чекаат многу луѓе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Бабино мое, паметно дете, - ме погали по косата, - оди сега кај дедо ти, тој сигурно ве чека да му ги изгазите нозете.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И никаде да не мрднува. И никогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па, кога вам ќе ви текне – со мајка ви, а кога ви се игра, кога ви се гледа телевизија, кога ви се оди со деца на летување, тогаш нека седи мајка ви дома и нека ве чека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)