ве (зам.) - праша (гл.)

Леле, леле пуста организациа ваша! Да знае, ич да не ве праша, да му влезе еден ден, ќе и нападе како јаребици од трње.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ние шо направиме? Не му дадоме ни да разберат оти дојдоме, а скинаме назад, — почна уште истата вечер Толе да го тевтише реонскиот началник за Мариово, Трајко Бешот, во Полчиште, каде што со своите другари наврати да се одмори, а Мише Ќосето да се види со тетка си Мита по толку години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Вас не ве праша никој - му се сврте подофицерот. - Гледајте си работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гоце, за да го прекине молчењето праша: - Каде сте тргнале, алагар, ако можам да ве прашам и ако немате ништо против?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Туку, - рече тој, - сакав да ве прашам од кое село преку планинава сте, ама бидејќи ни вие не ме прашавте подобро да се разделиме како да не сме се виделе. - Подобро, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Типична прикаска за транзиционите периоди... • Не можам да не ја искористам приликата со еден толку изверзиран соговорник на таа тема, и да не ве прашам: што мислите за тнр. „дрогерашки проблем“ во нашата млада и распупена држава?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мечка страв - мене нестрав, бидна и таа работа: - Госпожа Џун, морам нешто да ве прашам - ви пречи ли вам тоа што ние гласно гледаме филмови?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Ако ве прашам кое од тие две нешта е благо, а кое горчливо, што ќе одговорите“, прашуваше Филозофот. „Дека првото е благо, а второто горчливо“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дедо нарача да ве прашам и да ве поздравам. - Се арно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А, би сакал да Ве прашам, можи ли да ми кажете кога завршувате утре попладне?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
РЕПОРТЕРОТ: Покорно ви благодарам. Сакав да ве прашам, онака, во општи црти, што сѐ почувствувавте вие, кога дознавте? okno.mk | Margina #17-18 [1995] 193
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се поднаведна кон неа: - Само да ве прашам, госпоѓо.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
„И ако некој ве праша, не сум бил тука.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
“ И токму тогаш кога се подготвував да застанам пред голот, па ја соблеков маичката зашто беше многу топло, другар ми Нацка (тој се вика Александар, ама ние сосем кусо го викаме - Нацка) се загледа во моето рамо и ве праша, вчудовиден.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ана се врати во собата, и рече: „Јас не ве прашав дали сакате да се напиете нешто, или да не сте можеби гладни.” „Ни гладни, ни жедни,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паулина како да не ги слушна зборовите на Ана и моите зборови; и продолжи: “Навистина е добро од тебе што си мислел на сите тие луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
МЛАДИЧОТ: Би имал да Ве прашам нешто.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Туку нешто друго ќе ве прашам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)