ве (зам.) - ослободи (гл.)

Ете за пример. Дојдоа Италијанците и ни рекоа: сега ние ве ослободивме и можете слободно да си зборувате на вашиот јазик, да си пеете и да си играте.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се согласи да ве ослободат неколку дена од работата во Судот, за да заминете на проверка на списите, во битолскиот вакаф.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ве ослободивме од обвинението дека изнесувате злонамерни клевети за високи преставници на власта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе ве ослободам, ќе ги видите ледените скалила што водат горе во белиот свет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ние сме, ние сме, луѓе! .. Ве ослободивме! ... - свикав.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со еден збор, сторивме напор да ве одбраниме и вас лично од неаргументираните и злонамерни обвинувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)