ве (зам.) - научи (гл.)

Затоа јас денес и утре и некој ден повеќе, ќе ве научам да стрелате или ако сакате да убивате, а други ќе ве научат да се криете, да фрлате рачни гранати, да трчате, да поздравувате и отпоздравувате војнички, да копате ровови, да преврзувате рани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега малку одмор и потоа ќе дојди инструкторот кој ќе ве научи да ракувате со пушка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас, вашиот старешина, ќе ве будам, ќе ве постројувам пред казан, а други, кои ние тука ги викаме инструктори, ќе ве научат војнички да се постројувате, да ракувате со оружје... Тишина таму!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кои се вашите клучни животни искуства што ве научија што значи “неблагодарност”? 44 Со ваквото поставување на прашања и споредување на метафорите, се создава конверзациска област, усогласена област во јазикот, во која и терапевтот и пациентот чувствуваат дека меѓусебно се разбираат (Anderson & Goolishian 1988, Pask 1976, Varela, 1987).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тројца ќе ве учат различни работи и нема да ве научат ништо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
БОРИС: Кој ве научи вака, кој ве зеде на душа?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И добро дека ги најдов картите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ги најдов. Инаку ќе ми се подбиваа дека не си ја познавам домата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Сега, другари“, важно започна Љупчо „ќе ве научам една интересна игра.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)