ве (зам.) - води (гл.)

— Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. — Проговори Толе и се ококори како човек кој си ја постигнал целта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечер сакам да ве водам на тамбурашка вечер во Петроварадинската Тврдина. Сите три само климнаа со главите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
1. Повелба е ова што го говорам: Не ве водам во неа туку ве изведувам од историјата зашто ја мразам неа.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И кон светлината на слободата нека ве водат само оние што заслужуваат да бидат водачи – луѓе без пороци, верни на своите жени, со деца, со вера во Бога, оние што не се разуздени и непослушни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ќе ве водам кај најубавите јагоди, - го прекина молчењето Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Треба да се ослободите од стегите на вашиот мазохизам и да пуштите да ве води срцето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Реков, со неизбувлива лутина пошол да определи стражарски места Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков ќе ве води кон земја со живот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ако ми се случи нешто, ќе знаете кој ќе ве води.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Сѐ што е со рог ѓавол е. И јарец и човек. Појдете по мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жените на мораа да одговорат со „не”, зашто Фоте, па и Боге, и така не ги слуша: - Е таму ќе ве водам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога сè ќе замолчи, нема зборови за разговори долги, а само очите говорат, очекувајќи секојдневно исти денови, времето тече бесповратно, а грижа воопшто немате што си оди, ниту пак знаете патот кај ве води, апослутно на ништо не се надевате, не сакате, ниту мразите, рамнодушно по земјата газите, ни мртов ни жив, е тоа е клето, нема ден бел, само црн, ниту сив, тогаш сфаќате дека, не сте сфаќале ништо.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
„Не, ве водиме во парк, за да си поиграме со вас,“ се смееше еден од војниците кои нѐ чуваа во камионот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ги протри очите и лицето и свика: - Другпат никаде нема да ве водам! Дотерајте го магарето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Господару, ме плаши пораката од твојот трон: "Страдањата низ кои ве водам Треба да ве избават од стравот".
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)