вам (зам.) - ќе (чест.)

— Кој? Јас вам ќе ви земам појќе од колку што чини. Аир да не стори госпо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та каква надеж отсега вам ќе ви носат дните?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
По цел ден не би се гледале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па, кога вам ќе ви текне – со мајка ви, а кога ви се игра, кога ви се гледа телевизија, кога ви се оди со деца на летување, тогаш нека седи мајка ви дома и нека ве чека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И никаде да не мрднува. И никогаш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ете зошто не ве носам по странските фестивали – рече мајка ми – вам ќе ви биде здодевно, а јас таму имам многу повеќе работа отколку во Битола.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи себеси се сметав судбински поврзан со земјата и со чекорењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа можеби вам ќе ви се чини чудно но јас навистина премногу го ценев оној судбоносен момент кога човекот се симнал од дрвото за да ја избере својата патека и да зачекори по неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или ќе се опаметите, или тешко вам ќе биде!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А вам ќе ви кажам кој како се викал и каде лежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го зедов килимчето, му го дадов и му реков: Земете го вие, вам ќе ви биде поголем спомен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Црномурестото момче ми вели: Знаете ли, ова килимче го познав зашто го ткаеше мајка ми, а јас дури сега разбрав дека брат ми загинал!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)