ваа (зам.) - работа (имн.)

— Аман бег, зошчо е ваа работа? — изусти Куле и ја крена раката над глава да се заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Та и ваа работа ти е така. Ако стане цел народ, да видиш како се турка и ѕид со глава!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дај и Тодоре ножиците да го направиме господинот токмо мариовец, да не си a земите обата бељата по Маково.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама сега е пак прашање дали он ќе кандиса на ваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами, метлата, господин војводо! Мислиш не ќе познаат агите оти ваа работа не е мариовска?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)