јаде (гл.) - повеќе (прил.)

И пуста јас, дали било тоа јадење?! Ако јадат повеќе леб, ќе ги удрам по рака, и ќе им велам помалку да јадат леб.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми вели: Јадам повеќе, а сонот ми е немирен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Шпиро пак вечера, иако по третпат. Сега јаде повеќе од првите двапата, бидејќи и тој се чувствуваше победник во борбата против попот, а и ракиичката му отвори апетит.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АНЃЕЛЕ: Не ми се јаде повеќе, се најадов убаво.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тоа е многу малку храна, ти си слаба, треба да јадеш повеќе. – реков загрижено - Не, не ми е доручек, јас секое утро, веднаш по будењето ова го правам не го оставам никогаш гладен стомакот. – одговори таа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеби детето навистина си јаде повеќе. Сега е во растењето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)