јаде (гл.) - по (предл.)

Јадеме по педесет грама мерен црн леб и скоро секој ден за ручек и вечера булумач - избурбатено брашно со топла вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А сега не се смеете. И јадете по меани.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Секој од нив не беше јаден по неколку дена, лошо спани, криејќи се по плевни и бавчи, поцрнети од умора и глад, личеа на претепани ајванчиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)