јави (гл.) - се (зам.)

Ве молиме јавете се кај Милица Петровиќ, раководителот на ревијата, на улица Проева бр. 18 во најбрз можен рок. Срдечно, Проф. Светомир Бојановиќ.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се вртам и здогледувам оставено порака: ,Јави се кај лекарката Лидија Подувкина".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со зарипнат глас, во последниот момент ѝ рече: - Јави се.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со тие пари, иако наспроти својата волја, испрати телеграма до Хелвиг: „Хелвиг, итно јави се“ - му напиша во телеграмата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
СОЊА: Ти си пијан. Ајде Халил. Јави се утре. БОРИС: Со извештај од фронтот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Време е да се чуе и вашиот глас. Јавете се преку Волшебното самарче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Дачооо, еј Дачооо... - одѕвива гласот на ноќната тишина и се губи низ планината. - Каде си, јави се...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Јавете се бре погани, им викав, а тие молчеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Кај си, мори жено, вели, јави се, мори Велико!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)