ѕирка (гл.) - низ (предл.)

Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Веднаш се симнав и отрчав на Јужната порта, да видам дали е добро затворена, а потоа го ѕиркав низ клучалката.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ако, ако... Нека се јадоса. Треба да разбере дека не е лесно да одведе во Ресен охридска девојка... - се закикоти Атина, која за сето време ѕиркаше низ пердето и гледаше сѐ што станува во чунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ѕиркав низ решетките, навнатре трудејќи се да препознаам во редовите автобуси дали еден од нив е мојот со кој требаше да заминам за Битола.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се ѕиркаа низ цеповите од штиците едни со други, машки со женски, се ѕиркаа и помлади и постари и тоа им беше најголемо задоволство и омилено место.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
7. Хаосот ѕирка низ дупчето на забот (Треба да се оди на забар!), хаосот лази низ запуштените нокти (Треба да се отиде на педикер!), хаосот се најавува преку темните влакна на обоената коса (Под итно на фризер!), хаосот се пробива преку флеката на облеката (Облеката веднаш на хемиско чистење!), хаосот ѕирка низ дупката на чорапата, хаосот се заканува од секаде, хаосот чука на вратата со неплатените сметки, со можното губење на работата, со можната тешка болест, хаосот се крие во картонската куќичка на бездомникот, хаосот бревта од дебелите минувачи, хаосот се кези од лицата на наркоманите, хаосот испарува од уличните отвори за канализација, хаосот зева низ црните, запалени куќи во Бронкс, хаосот ноќе шушка од кантите за ѓубре, хаосот се кикоти од секаде, се придвижува од мрачните дупки, дебел, страшен и црн како градски стаорец... 13
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За да биде работата посмешна, минувачите околу нас пет пари не даваат за ниската температура: шетаат развиени батки по тесни маички те разноразни разголени тети на ролерки, додека јас и мојата животна сопатничка го набљудуваме светот околу себе ѕиркајќи низ тесните процепи помеѓу нашите шалови и наметки, облечени како двајца Ескими сред сезона на парење на поларните мечки.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И пак Бонети ноќе се искрадуваше до нејзината одаја, ѕиркаше низ прозорецот да види дали спие и бараше начин како да ѝ влезе, како да ја отклучи вратата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Го зема шишето. Ѕирка низ прозорецот.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Се чинеше како да беше вчера, кога тиквичките и краставиците беа нежни ливчиња што ѕиркаа низ кората на земјата за да излезат на сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поодуваме вака, покрај штиците, и ѕиркаме низ дупките, низ процепите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мислам цело време ѕиркате низ пенџере да видите што правам, да не сум со него.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЕВТО: (Проверува дали е заклучена вратата. Ѕирка низ прозорецот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Цел живот ѕиркам низ пенџерче. Да не видат дека гледам. Да не пречам. Да останам на страна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ѕиркаме низ цепнатините на церадата, ама и надвор е темно, ноќ.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Капсула долго ѕирка низ френгијата па и самиот се огласува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мракот ми е ден, сенките придружнички: никој не ме гледа, закулник сум дури и за очи на був, од студентските дни Asio otus, а јас можам да ги ѕиркам низ чипките на завесите - стојат под прозорецот изѕемнети дури и од летен дожд, црни, со лица на шумски сатири, влакнести и балсамосани под кожените облеки, да ти се смачи од тие човеколики пци со совршено полициско педигре.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ѕиркаме низ френгиите*, ги слушаме нашите мамки и ги стискаме пушките.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Богуле ѕиркаше низ цепот од вратата и ги гледаше што прават и му врвеа возбудливи трпки по телото, срцето забрзано му биеше, здивот му запираше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)