ѕвони (гл.) - во (предл.)

„И кучињата не заборавај ги“ - ѕвонеа во неговите уши упатствата од дедо му што му ги даваше синоќа, а и утрово кога се испраќаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Камбана што ѕвони во коските на селаните и в земи што шетаат со вили како огнени крстови кренати над небесата пеејќи: три Марии нагоре три меча – надолу...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И одеднаш тишина. Ѝ се чини дека тишината ѝ ѕвони во ушите и навестува нови удари.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секако ќе ѕвони в понеделник - на втори септември.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но како и да било, мене Џони често ми ѕвони во главата - а јас редовно кревам слушалка, па си муабетиме со саати.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Уште ѝ ѕвонат во душата неговите зборови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги гледа колите низ прозорецот (’ко-ко’), мобилниот ѕвони во другата просторија, за миг го оставаш, и додека се враќаш замислуваш дека го нема, дека се наведнал и паднал, и дека ти ќе бидеш виновна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Крупните дождовни капки што ѕвонат во есенската ноќ капавицата ја будат низ олукот плискаат истечуваат со големите води.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)