шушка (гл.) - со (предл.)

Тенките глуждести прсти му играат и шушкаат со хартијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Кажи му на брат ти попладнево да не оди никаде, закажувам за во пет часот „састанак“ – ми дофрли, шушкајќи со весникот. Така тој вели: „састанак“, наместо состанок.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, сега уште и тоа, состанок! Што му требаше таа беља? – се јадосував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Полека, внимавајќи да не шушка со лисјата, Цепенко зачекори низ царевката и се добра до големиот густеж од капини испречен на самата меѓа - меѓу нивата и патот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Летачот се спушти шушкајќи со хартиените крилја и бамбусовите стапови.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)