шири (гл.) - рака (имн.)

Мими шири раце: - Што да му донесам, мила, што?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И кога грееше и кога вееше Тој гол влегуваше во планината, ги ширеше рацете како гранки и веруваше дека еден ден сосема ќе се поистовети со стеблата, ќе потреперува и ќе размислува како нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Данче посилно ги шири рацете. Поживо игра со нозете.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нова година!... Тој шири раце - сите да ги прегрне... Таа сè уште така замислена... Прибрано седи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Волја на гостинот... Шири раце келнерот и виновно се повлекува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Проедросот почна да ја врти главата и да ги шири рацете, гледајќи го Котета чиниш се чуди што да прави со овие што не му помагаат да им помогне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги шири рацете, мавта со рацете како со крила, црн ангел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се навалува над прозорецот. Ги шири рацете.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Долго ме распрашува лекарот: од кога, како ме гледа, ми ги напипува прстите, нозете, главата а потоа ги шири рацете: Псориазис, вели, - облик на бесконечно скаменување приживе.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Одмавнува со главата, ги шири рацете, и така исчезнува од сцената.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Девојчето ги ширеше рацете, ги креваше празните стомничиња, како да сакаше да летне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така во слика и во зборови како во убаво замислен филм го изведе сето она што го имаше опишано во нејзиното писмо со пет потписи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А јас решив ете, со отворени карти!“ ми одвраќа таа, го потсилува пламенот на газјената ламба и бесрамно ги шири рацете и и се покажува на месечината но и на оние петшестмината сладокусци под прозорецот. (Оние, потписницине на нејзинта пријава).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги ширеше рацете и ја должеше шијата говејќи се, како ми се стори, да закукурига.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме догледа и пискотливо ме викна додека ги ширеше рацете како да ме пушта внатре. - Ти бегај. Носиш мачка со себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе ми биде тешко без нив но што можам? (Ги шири рацете) Туку, ѝ плати ли на Грета?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најчудно е што како поминува времето и како сум повеќе со нив ми се чини дека ги засакав.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
БОРИС: Колку? МАТЕЈ: (Ги шири рацете.) БОРИС: Што би направил ти за дедо ти? МАТЕЈ: Сѐ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сум ги ширел рацете, сум се кревал над облаците, онаму каде што кружат орлите...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ги шири рацете, како крстот господов и не може да си ги собере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но, тие трчаа, ги вртеа лицата кон небото, чувствувајќи го сонцето на образите како жешка греалка; ги соблекуваа палтенцата и ги ширеа рачињата на сонцето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)