шири (гл.) - глас (имн.)

Се ширеше гласот на црковните песни што ги пееја луѓето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Можеби умрела од нешто друго, Милан. Тоа се совпаднало кога Даниел го градел својот мост, и затоа тогаш почнале да се шират гласови дека тој ја заѕидал сенката на својата невеста во темелите на мостот. Знаеш како одат тие работи со луѓето.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уште пофрапантна неспособност Хамидовата полиција покажала подоцна, кога низ сите страни се ширеле гласови, а некои европски весници ја објавиле веста, дека македонските револуционери подготвувале напади врз разни значајни установи во Солун и во други градови во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓу граѓаните и во околината се шири глас: работлив, дрзок, лукав и деловен човек на пазарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Види ваму, Илија, се шират гласови, дека кир Ристаќија сака да му ја даде Антица на Никола Гзарков под услов ако појде и тој по патот негов да стане гркоман.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се шират гласови оти како му рекла на вујка си „на самата свадба кај Николаќија ќе скокнам од пенџере или ќе се отрујам за да те срамам“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Напразно никогаш не се шират гласови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некои ширеа гласови во Козар маало и во градот дека татко ми е уфрлен од власта во Козар маало, а останал во тајни врски со партијата, наводно за да ги следи релациите помеѓу козите и луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Партијата ширеше гласови според кои Чанга им се предал на властите, заедно со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Европските весници објавија дека умрел од емфизем на градите или од срцев удар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1986. Во јануари повторно патува во женева поради прегледи и лекување; се шират гласови дека е сериозно болен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во јуни, три дена по излегувањето од болница, умира во својот женевски стан; по своја желба покопан е во женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во април во Парагвај преку застапници се жени со Марија Кодама, својата долгогодишна пријателка и соработничка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)