шири (гл.) - вистина (имн.)

Водачот, со јасно историско чувство за првата држава на неговиот народ што се формираше на овие простори по Втората светска војна, веруваше дека таа, колку и да беше резултат на геостратешкиот расплет и на согледбите на федералниот водач, мораше да ја шири вистината за својата земја и за својот народ и врз автентичните сведоштва од изминатите векови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А Татко, до крајот на животот, си остана на маргините, иако започнуваше да се шири вистината за сиџилите, да се остваруваат неговите визии за нивното историско значење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа како што не престануваше да ја шири вистината за моите книги среде своите пријатели, да им пишува на издавачите, на уредниците на книжевните емисии за да го свртат вниманието кон моите книги, се обидуваше и во настаните кои ја загрозуваа иднината на Македонија да ја открие логиката на помирувањето, соживотот на македонското и албанското население, како и другите етнички заедници, гледајќи ги обединети во заедничката татковина Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред малку, на една географска карта на Македонија се обидов да ја видам оддалеченоста меѓу Скопје и Тетово, како што се истакнува главното место на немирите. Педесет километри. Па тоа е малку!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По војната градот имаше и конзулати кои по свои канали ја ширеа вистината за времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)